„Агенда 35“ за искористеноста на ЕУ фондовите и нашата успешна приказна на патот кон Европа

Успешната приказна на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид препознаена од европските донатори. Со заедничка реализација на прекугранични проекти, воведување на меѓународни препораки и стандарди, инвестиции во едукација, инфраструктура и современа опрема преку искористување на средства од ИПА Програмата, нашата земја се приближува кон европското семејство. За успешна реализација на проектите и постигнување на врвни резултати, неопходни се јасна цел, стратешко планирање и ефикасен менаџмент со процесите согласно европските критериуми. Докажавме дека знаеме и можеме во сферата на планинското спасување да направиме квантен скок и за граѓаните во нашиот регион да обезбедиме врвни услуги.

Во продолжение погледнете го нашето гостување во емисијата Агенда 35.