Ден на планетата Земја

Денес, 22 април, во повеќе од 175 земји, се одбележува Светскиот ден на планетата Земја. Целта на одбележувањето е подигнување на нивото на свест и знаења за зачувување и унапредување на животната средина, како и да се укаже на последиците од загадувањето на водата, воздухот, почвата како и исцрпувањето на енергенсите на планетата Земја. Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид се приклучува во одбележувањето на овој ден и се залага за овие вредности.

🌍 Make every day #EarthDay save the planet 🌎
#ipa2cbcmkal 🇪🇺 🇲🇰 🇦🇱 #EUwithYOU