РЕГИОНОТ „ОХРИДСКО ЕЗЕРО“ – БЕЗБЕДНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ

Целта на овој проект беше да се даде придонес во развојот на авантуристичкиот туризам во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро преку подигнување на безбедноста на домашните и странските туристи. За таа цел беа формирани две спасителни служби, една за спасување на планина во Охрид и една за спасување на вода во Поградец. Беше изграден современ тренинг центар за потребите на Планинската Спасителна Служба во Охрид. Набавена е и специјализирана опрема за спасување во планина и на вода. Со примена на интернационални стандарди беа обучени 52 спасувачи во планина (според ICAR – International Commission for Alpine Rescue) и 40 спасувачи за вода (според ILS – International Lifesaving Standard). Спасувачите со најдобри перформанси понатаму беа обучени за инструктори.

Исто така, преку вклучување во овој проект на спасувачките тимови, полицијата, итната медицинска помош, локалните општини, Националните Паркови и постоечките Центри за управување со кризи, се придонесе и за нивната меѓусебна соработка, со што се овозможи Планинската Спасителна Служба да може да делува и на територијата на општината Поградец. Овие ново формирани спасителни служби, како и воспоставените процедури за управување со ризици се презентирани пред туристичките агенции и пред давателите на услуги од областа на туризмот, со цел да се зголеми конкурентноста на регионот околу Охридското Езеро за авантуристички туризам.

Бројни признанија му беа доделени на Црвениот крст Охрид поради успешната имплементација на овој проект. Најзначајни се Благодарницата за успешна соработка од Министерството за Одбрана и Св. Климентовата Повелба од општина Охрид.