Денес во 13:45 часот, оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба доби повик за случена несреќа со трактор на шумски пат во близина регионалниот пат Охрид – Отешево, на планината Галичица. Тричлена екипа од ПСС веднаш се упати на терен, а беа известени и СВР Охрид и службата за Итна медицинска помош, кои за жал не можеа ништо да сторат за спас на младото момче, кое управувало со тракторот.
Искрено жалиме за прерано загубениот живот и изразуваме искрено сочувство до семејството.