Во текот на вчерашниот ден, во опреативниот центар на ПСС имавме посета од делегација на Министерството за Одбрана, која ни врачи плакета со благодарност за ефективната досегашна соработка и изрази подготвеност за поддршка и интензивирање на соработката во иднина.
Ова признание и довербата која ја добиваме од страна на Министерството за Одбрана, како и од останатите државни институции, за нас претставуваат гаранција дека сме на вистинскиот пат и поттик да продолжиме по истиот курс, во напорите за издигнување на планинското спасување на повисоко ниво, согласно меѓународните стандарди.
Благодариме за укажаната доверба и се надеваме на успешна соработка и во иднина.