На 13.01.2020 год. во 13:50 од страна на СВР Охрид, Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид прими повик за асистенција при извлекување на повредено лице во несреќа предизвикана од трактор на непристапен планински терен. Четиричлена екипа веднаш се упати кон с. Опеница, охридско, каде асистираше на екипата од Итната медицинска помош за успешно извлекување, имобилизација и транспорт со теренско возило на повреденото лице, кое се здобило со тешки телесни повреди. Повредениот беше транспортиран во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“ на понатамошно лекување. Акцијата заврши во 14:59ч.