ПСС ги става своите капацитети во насока за ублажување на состојбите предизвикани од Корона вирусот

Согласно состојбата со Корона вирусот и мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, денеска, на иницијатива на градоначалникот Константин Георгиески се одржа координативен состанок, на кој беше донесена одлука за формирање на мобилни тимови од Црвен крст Охрид и од локалната самоуправа. Овие тимови ќе имаат задача на барање на старите и изнемоштени лица, на лицата со посебни потреби и на сите оние кои имаат потреба од помош и било каква друга поддршка на подрачјето на општина Охрид, а со цел да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови, секој ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

За потребите на овие активности, Планинската Спасителна Служба ги става на располагање скратениот телефонски број 13-112, Оперативниот центар, возилата и дел од волонтерите кои ќе бидат составен дел од мобилните тимови.

Покрај скратениот број 13-112, граѓаните ќе можат да се обратат и на телефоните од Општинската организација на Црвен крст Охрид, 046/261-909 и 070/315-309.

Покрај дополнителните активности и со оглед на препораките на Владата за намалена активност на граѓаните, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и понатаму е целосно подготвена да одговори во случај на планински несреќи на територијата која ја покрива.

 

Со искрени желби за брзо надминување на состојбите,

Искрено Ваша,

Планинска Спасителна Служба