Вчера, на годишната ревија на настани за 2021, која порталот Ohrid News ја организира традиционално на крајот од секоја година, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, доби признание ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ОХРИД КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА.
Како што истакна и раководителот на ПСС, за време на свеченото доделување на признанијата, од името на сите волонтери изразуваме голема благодарност до Ohrid News, за доделеното признание, кое навистина ни значи многу, особено затоа што доаѓа на јубилејот од 15 годишното постоење на порталот, кој во изминатите години прерасна во вистински синоним за објективност во информирањето.
Уште еднаш изразуваме благодарност за признанието и ја користиме оваа прилика, на редакцијата од Ohrid News да им го честитаме јубилејот и да им посакаме уште долго време да бидат пример за коректноста и објективноста во информирањето.
Фото: Ohrid News