СВ. КЛИМЕНТОВА ПОВЕЛБА ЗА ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА

На свечената академија која по повод празникот Св. Климент Охридски се одржа на 07.12.2019 година, во центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ѝ беше доделено високото општинско признание „Повелба Св. Климент Охридски – Патрон на градот”, за успешно спроведениот прекуграничен проект и промоцијата на Охрид и регионот како безбедна дестинација за авантуристички туризам.

Признанието го прими раководителот на Планинската Спасителна Служба Антонио Додевски, кој во своето обраќање истакна дека волонтерите се основниот столб на службата и дека ова признание им припаѓа нив, а ја искористи приликата и да се заблагодари на Европската Делегација за финансиската подршка, доделена преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Ова признание го примаме со огромна чест и одговорност и во иднина да продолжиме со истото темпо во развојот и издигнувањето на Планинското Спасување на уште повисоко ниво.