Интервенција на Планинската Спасителна Служба

Денес во 13:46 ч. Планинската Спасителна Служба прими дојава од страна на СВР Охрид, за случена несреќа на карпест и тешко пристапен терен во месноста “Лабино”. Шестчлена екипа од ПСС, веднаш пристигна на местото на несреќата, но за жал, поради тежината на падот и сериозноста на повредите, беше невозможно да се направи било што за да се спаси животот на настраданото лице. По пад од голема висина, телото на настраданиот се наоѓаше во близина на езерската површина, каде со поддршка од пловен објект на граничната полиција, смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош по што беше спроведена соодветна увидна постапка за утврдување на причините за падот. ПСС при Црвен крст Охрид жали за немилиот настан и апелира до сите љубители на природата, да бидат особено внимателни, кога се движат на карпест и стрмен терен, каде поради ниските температури има појава на голомразица и постои опасност од подлизнување, со можност за сериозни последици.