ПСС – SOS

мобилна апликација

За ефикасна и навремена реакција на службата при несреќи во планина.

Бидете безбедни додека уживате во планината. Со нашите индивидуални или групни ваучери ја имате на располагање нашата планинска служба 24/7.

* Услугите на службата се бесплатни за жители со постојано живеалиште во следниве региони:
Охрид, Струга, Ресен, Дебар.

Услуги на службата

Покрај спасувањето во случај на несреќи на планина и непристапни места, Планинската Спасителна Служба, врши обезбедување на спортско рекреативни манифестации на планина, а дава и услуги за обезбедување на работници при висинска работа, врши превентивни безбедносни контроли на високи и тешко пристапни места и други слични асистенции при изведување на висински работи. За дополнителни информации обратете се на нашите контакт адреси.

Планинаската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, е доброволна, хуманитарна организација која своето непречено делување го финансира преку обезбедување на донации од физички и правни лица. Доколку сакате да ја помогнете работата на Службата, истото може да го направите на следните начини:

Со донирање на нашата жиро сметка

Преку купување на сувенири со логото од Службата

За дополнителни информации обратете се на нашите контакт адреси.

Втора интервенција за евакуација на безживотно тело од тешко пристапен планински терен (фото+видео)

Во 15:04ч. оперативниот центар на ПСС при Црвен крст Охрид, доби повик од жител на с. Брежани, Општина Дебрца, со …

Уште една среќна завршница на пребарување по исчезнато лице во Дебрца

На 19.06.2023 година, во 20:55ч., оперативниот центар на ПСС Охрид, од страна на СВР доби пријава за исчезнато женско лице …

Видео честитка по повод денот на Македонското Воено Воздухопловство

По повод 10 јуни, денот на Македонското Воено Воздухопловство, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид и нејзините волонтери, би …

Проекти

Регионот “Охридско Езеро” безбедна дестинација за авантуристички туризам

Целта на овој проект беше да се даде придонес во развојот на авантуристичкиот туризам во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро преку подигнување на безбедноста на домашните и странските туристи. За таа цел беа формирани две спасителни служби, една за спасување на планина во Охрид и една за спасување на вода во Поградец. Беше изграден современ тренинг центар за потребите на Планинската Спасителна Служба во Охрид. Набавена е и специјализирана опрема за спасување во планина и на вода…

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА БЕЗБЕДЕН ЗИМСКИ АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ

Овој проект има за цел промоција на социо-економскиот развој на охридско-преспанскиот прекуграничен регион преку одржлив развој на туризмот, со особено внимание за создавање деловни можности за урбаните и руралните области од поширокиот регион, со понуда на различни туристички пакети и промоција на високи стандарди за безбедност во туризмот. Со предложените инфраструктурни подобрувања, развој и промоција на туристички производи, со мерките за зајакнување на прекуграничната соработка меѓу засегнатите страни…

Партнери